ONE GROUP

Групацијата ОНЕ се состои од финансиските институции ОНЕ Лизинг, ОНЕ Финанце и компанијата за продажба на половни возила ОНЕ Ауто.

 

ONE LEASING

Друштво за лизинг ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје е основано во 2018-та година, впишано вo Регистарот на трговски друштва, со ЕМБС 7273614, со седиште во Скопје, ул.Васил Главинов бр. 14/2-8, финансиска компанија со главна дејност на издавање финансиски лизинг. Друштвото има решение за основање и работа на Друштво за лизинг, број 13-449/4 од ден 05.04.2018 година од Министерство за финансии на Република Северна Македонија. Лизинг Друштвото ја нуди услугата “Лизинг за возила” за сите возила достапни на продажба на Авто Пазар ОНЕ АУТО со јасни услови и долг рок на отплата.

 

ONE FINANCE

Финансиско Друштво ОНЕ ФИНАНЦЕ ДООЕЛ Скопје е основано во 2019-та година, впишано вo Регистарот на трговски друштва, со ЕМБС 7342683, со седиште во Скопје, ул.Васил Главинов бр. 14/2-8, финансиска компанија со главна дејност на кредитирање. Друштвото има решение за основање и работа на Финансиско Друштво, број 13-450/3 од ден 18.03.2019 година од Министерство за финансии на Република Северна Македонија. Друштвото е во сопственост на еден содружник, правно лице и работи со две нивоа на управување.

 

ONE AUTO

Друштво за трговија ОНЕ АУТО ДООЕЛ Скопје е основано во 2021-ва година. ОНЕ АУТО е компанија за продажба на половни возила која својот бизнис го гради врз принципите на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Компанијата располага со широк спектар на брендови набавени преку платформи од Франција, Италија, Белгија и Германија. Сите возила на продажба се сервисирани, регистрирани и со гаранција за километража.

 

>